Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе има трет обид да стигне до златото во Европската сребрена лига, откако во полуфиналниот меч славеше над Хрватска со 3-2 (15-25, 25-19, 25-22, 21-25 и 15-12).
Струмичката публика им даде „ветер во грб“ на одбојкарите кои на најдобар можен начин и возвратија со триумф и ново финале.
По мечот традицијата продолжи. Васе Михаилов е задолжен за победничкото селфи, за кое одбојкарите ветуваат дека и утре во финалето ќе го повторат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА