Традицијата продолжува: Елмас повторно гостин на тренинг на Работнички

Најдобриот македонски фудбалер во моментов Елјиф Елмас слободното време по завршувањето на репрезентативните обврски и пред враќањето во Неапол го користи за да одмори неколку денови во родниот град.

Како по навика Елмас слободното време кое го има во Скопје го користи да го посети клубот во кој ја почна професионалната кариера, Работнички. „Гордоста на Дебар маало“ е тимот кој што произведе голем број македонски фудбалери, но дефинитивно најзвучно име е македонскиот дијамант.

 

Се вчитува...