Традицијата продолжува, Мавровски меморијал по 57.пат

Традицијата продолжува, натпреварувањето во чест на мавровските работници оваа година ќе се одржи по 57.пат, а ќе го отвори заменик претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска Јанковска. На 57. Мавровски меморијал се очекува учество на повеќе европски држави: Русија, Швајцарија, Луксембург, Србија, Грција, Бугарија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Турција, Романија и домаќинот Македонија.

Според програмата самите натпревари се планирани за вторник и среда (25 и 26 февруари) додека во понеделник на 24 февруари ќе биде свеченото отварање во хотелот „Спорт“. Во вторник и среда од 10 часот ќе се одржат натпреварите на 5 км и 10 км (слободен стил), а веднаш потоа во 14 часот ќе биде доделување на  награди за најдобрите учесници.

 

Се вчитува...