Македонската репрезентација во традиционално карате од 1. до 3. ноември ќе учествува на Светскиот фудокан карате шампионат во Синделфинген – Штутгарт, Германија.
Македонската репрезентација ќе биде предводена од селекторот Венцислав Недев, а ќе настапат следните каратисти: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева, Бојан Богдановиќ, Камелија Недев и Софија Јарчевска.
На шампионатот ќе настапат 1600 каратисти од 40 земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА