Македонската репрезентација во традиционално карате викендов од 14. до 16. септември ќе настапи на 33. ЕТКФ европски шампионат во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори и кадети во Белград, Србија.
Репрезентацијата ќе биде предводена од нашиот најдобар каратист Дејан Недев кој е во исто време тренер и натпреварувач.
За Македонија ќе настапат: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Бојан Богдановиќ и Спасе Стојанов во сениори, Берта Милевска и Петар Костов во младинска конкуренција, Мила Саздова и Јана Милевска во јуниори и Димитар Витанов, Ведран Андоновски, Максимилијан Глигоров и Димитри Влахо во кадетска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА