Македонската репрезентација во традиционално карате на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини, Италија, постигна одлични резултати, освојувајќи вкупно 14 медали, од кои девет златни, еден сребрен и четири бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
Резултати-сениори: 1. место во кати екипно-сениори (Дејан Недев, Аљоша Недев и Матеј Ангеловски), 1. место во кого-кумите и фукуго-сениори Матеј Ангеловски, 3. место во кати поединечно Дејан Недев, 3 место во ен-бу м/м (А. Недев и М. Ангеловски). Резултати-јуниори: 1. место кати екипно-јуниорки (М. Саздова, Б. Милевска и Ј. Милевска), 1. место ен-бу м/ж (О. Тасевски и М. Саздова), 2. место во кого-кумите Берта Милевска. Резултати-кадети: 1. место кати екипно-кадетки(А. Белазелкоска, Ј. Дробниќ и Ј. Милевска), 1. место фукуго-кадетки Јелена Дробниќ, 1. место во кати и кого кумите поединечно Мила Саздова, 3. место во фукуго-кадетки Мила Саздова и 3. место во кого-кумите Јана Милевска. На СШ учествуваа над 1000 натпреварувачи од 47 земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА