Трагедии го следат Чапекoенсе: Нова смрт го потресе клубот

Екипата на бразилски Чапекоенсе доживеа нова трагедија. Четири години по падот на авионот со фудбалерите на тимот во кој животот го загуби речиси комплетната екипа, клубот повторно е облеан во солзи. Овој пат поради смртта на претседателот на клубот, Пауло Рикардо Магро.

58-годишниот Магро почина како последица на коронавирусот. Ќе остане запаметен како човекот под чие водство тимот бележеше одлични резултати, веќе доаѓајќи на само чекор од враќање во најсилната лига во Бразил.

 

Чапекоенсе синоќа оддаде почит за својот претседател на својот стадион. Во моментов е водечки тим во бразилската Серија Б со 62 бода од 31 натпревар.

Се вчитува...