Фудбалскиот свет го тресат трагедии. По ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, починатите фудбалери од Франција и од Норвешка, трагична вест доаѓа и од Мексико. Поранешниот напаѓач на Некакса, Езекиел Ороско, почина на 29-годишна возраст по куса борба со канцерот.
Ороско, кој настапуваше и за екипите на Јагуарес, Аталнте, Алтамира и Мурсиелагос, последниот свој фудбалски натпревар го одигра на 16 ноември 2016, по што беше откриено дека боледува од канцер на белите дробови. За жал, по една и пол година борба со опасната болест, тој ја загуби животната битка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА