Трагедиите во спортскиот свет – Од Манчестер Јунајтед до Коби Брајант

Светот е во шок од трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Кошаркарската икона почина во падот на хеликоптерот во Калифорнија. По трагичната смрт на „црната мамба“ се потсетуваме на најголемите несреќи во историјата на спортот.

Мет Бизби ја водеше екипата на Манчестер Јунајтед која го освои англиското првенство 1956 и 1957 година. Тој 6. февруари 1958 „црвените ѓаволи“ во Белград во четвртфиналето на Купот на европските шампиони, одиграа 3-3 против Црвена Звезда и поради победата на домашен терен од 2-1 поминаа во следната фаза. Тимот замина дома на 6. февруари, но никогаш не стигна. Авионот застана во Минхен да наполни гориво, а набрзо по полетувањето се урна.

Незаборавниот Дражен Петровиќ погина во автомобилска несреќа во Германија, на само 29-годишна возраст. Емилијано Сала пред една година загина во авионска несреќа. Леташе од Франција кон потпис со Кардиф, но никогаш не успеа да стигне и да го исполни својот сон.

Вишаи Сриваданапраба, сопственикот на Лестер, погина во падот на хеликоптерот во октомври 2018 година по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем. Фудбалерите на бразилскиот Шапекоенсе снимија видеа и фотографии пред полетување. Излезе дека тоа беше последна фотографија која успеаја да ја направат. Тој 28 ноември тимот патуваше во Колумбија. Пилотот остана без гориво, а авионот се сруши.

„Гранде Торино“, така го викаа италијанскиот клуб кој доминираше во педесеттите години на минатиот век, а голем дел од фудбалерите беа дел и од репрезентацијата на „аѕурите“. Торино одигра пријателски натпревар против Динамо против Бенфика во Португалија, а на враќањето во Италија поради слабата видливост авионот се заби во планина. Скоро цел тим загина, меѓу кои беа 18 фудбалери и 5 членови на стручниот табор.

Се вчитува...