Трагедија: 21-годишен велосипедист почина од коронавирус

Мајкл Антонели, италијански велосипедист, почина на 21-годишна возраст заради компикации од коронавирусот. Антонели беше голема надеж за велосипедизмот, но пред две години и четири месеци претрпе силен пад на една трка во Италија.

Тој на една ридска трка по 91-от километар паднал и се здобил со тешка повреда на главата. По несреќата, младиот велосипедист со хеликоптер бил хоспитализиран и пренесен во болница. По неколку месеци во болница, откако Мајкл започнал да јаде самостојно и да препознава луѓе, се вратил во кругот на семејството на домашно лекување.

Антонели заболел од коронавирус кон крајот на минатиот месец и завршил во болница на 30 ноември поради сериозни респираторни компликации. Поради нарушената состојба на организмот, тој не бил во можност да се опорави, па на лекарите само им останало да ја потврдат неговата смрт.

Се вчитува...