Трагедија: Екс фудбалер на Тотенхем загина во бродска несреќа

Ентон Вокс, фудбалерот на Шарлот во МЛС во САД, го загуби животот на 25-годишна возраст во бродска несреќа. Трагедијата се случила во Мајами, каде што Вокс бил со својот тим на подготовки.

Фудбалерот бил дел од несреќата во која се судриле два брода во марината, а Вокс најпрво добил прва помош, а потоа бил пренесен во болница, каде што им подлгеднал на повредите.

Вокс ја почна кариерата во Тотенхем, каде што ги мина сите категории, а за тимот од Лондон имаше само еден сениорски настап. Замина во САД во Атланта јунајтед, а потоа одново патот го донесе во Англија, во тимот на Портсмут. Во 2020 година повторно се врати во САД, во Атланта, а од минатата сезона е дел од Шарлот.

Се вчитува...