Алексеј Григориев, поранешен ракометар на Бутел почина на 40-годишна возраст по кратко боледување, пишува рускиот „Брз Центар“. Григорјев во последно време се бореше со тешка болест, но не ја издржа битката.
Григориев беше дел од Бутел во сезоната 2018/19. Во својата кариера насапуваше во Динамо Астрахан, во Нева Санкт Петербург, во Мешков Брест, Мотор Запорожје, Балатонфуреди, Мезоковешди, Потаиса Турда, Макаби Ашдод и Селка Ескишехир.
Тој играше на позицијате десен бек. Имаше и искуство со играње во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА