ТРАГЕДИЈА: Фудбалер на македонскиот клуб Илинден е еден од загинатите во масакрот во Сиднеј!

Членот на македонскиот клуб Рокдејл Илинден од Австралија, францускиот фудбалер Ден Елкајам, е една од жртвите во вчерашниот вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј, пренесуваат австралиските медуми.

Тој е меѓу 16 лица кои го загубија животот во масакрот што властите го квалификуваат како терористички напад.

Смртта на Елкајам ја потврдија и од ФЦ Илинден.

„Јас сум скршен од болка, мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и ние сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, изјави потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски.

27-годишнот Елкајам, член на клубот е последниве 12 месеци.

Австралиските служби соопштија дека нападот го извршиле татко и син, од кои едниот напаѓач бил убиен, а другиот е приведен. Покрај загинатите, 42 лица се хоспитализирани. Настанот се случил за време на еврејски фестивал кој се одржувал на плажата.

Се вчитува...