ТРАГЕДИЈА: Почина грчки олимпиец, освојувач на медали од ЛОИ во 2004 и 2008 година

Александрос Николаидис, грчки олимпиец во таеквондо почина на три дена пред неговиот 43-ти роденден. Николаидис освојуваше сребрени медали на ОИ во Атина и Пекинг во 2004 и 2008 година. Стана светски првак во 1996 година во Барселона, и европски првак во 1996, 1997, 2008 година, и бронза во 2010 година.

Николаидис во последните две години боледуваше од ретка форма на рак. Пред неколку месеци ја искажа и својата последна желба.

„Сакам овие два медали од Олимписките игри да бидат лицитирани и собраната сума да биде дадена на деца на кои им се потребни средства кои ќе ги одбере моето семејство“, напиша Николаидис на социјалните мрежи.

Николаидис се проба и во политиката, и беше кандиат на СИРИЗА на европските избори во 2019 година.

Се вчитува...