ТРАГЕДИЈА: Македонски планинар почина во обид да го освои Монт Еверест!

Македонскиот планинар Ѓорги Петков од Гевгелија починал денеска од срцев удар во обид да го освои највисокиот врв во светот, Монт Еверест (8.848 метри).

Како што информираат и од планинарското друштво „Кожуф“, чиј член беше Петков, 63-годишниот алпинист попладнево загинал во обидот да ја искачи највисоката точка на Хималаите.

Веста за смртта на македонскиот алпинист, кој беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј, е потврдена и од менаџерот на базниот логор Ками Нуру Шерпа.

Според последните информации од планинарското друштво, доктор Ѓорги Петков на овој потфат се решил да замине на 24. март, а според планот искачувањето до Монт Еверест требаше да биде до крајот на месецов по што би бил и шестиот Македонец кој би се искачил на покривот на светот.

Се вчитува...