Трагедија на Австралија опен: Почина британски новинар

Трагичен настан го одбележа денешниот ден на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.

Британскиот новинар Мајк Диксон почина во Мелбурн каде известуваше од Австралија опен. Диксон работи како новинар за Дејли Меил од 1990 година. Отпрвин следел крикет, а подоцна се специјализирал за тенис.

„Ние сме уништени што нашиот прекрасен сопруг и татко Мајк изгуби свест и почина додека беше во Мелбурн на Австралија Опен. Тој го живееше својот сон 38 години покривајќи ги спортовите ширум светот. Беше навистина голем човек и страшно ќе ни недостига. Луси, Сем, Руби и Џо“, напишала неговата сопруга на социјалните мрежи.

Од него се збогуваа и најголемите тенисери меѓу кои и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

„Сочувство до семејството на Диксон, нека почива во мир“, напиша Новак Ѓоковиќ.

„Многу ми е жал за смртта на Мајк. Следеше тенис сите овие години. Моите мисли се со неговото и нашето тениско семејство. Почивај во мир“, изјави Рафаел Надал.

Се вчитува...