Трагедија: На фронтот во Украина загина поранешен руски репрезентативец

Алексеј Бугаев, поранешниот дефанзивец на рускиот национален тим и на неколку руски екипи, загина на 43-годишна возраст во Украина како дел на вооружените сили на Русија. Тој загинал на северниот фронт.

Бугаев беше приведен во 2023 година поради дрога, и осуден на 9,5 години затвор, по што потпиша договор со руските воени сили, и отиде да се бори во Украина.

Играчот беше дел од рускиот национален тим на Европското првенство 2004 година во Португалија. Беше дел од Торпедо МОсква, Том Томск, Локомотив Москва, Химки и Краснодар. За руската репрезентација има седум настапи.

Се вчитува...