Фудбалерот на Нант Игнатуис Ганагo, доживеа трагедија пред мечот со Јувентус во Лигата на Европа, откако дозна дека почина неговата петгодишна ќерка.
Тажната вест ја објави неговиот клуб Нант, кој му пружи поддршка во овие тешки мигови. Поради смртта на својата ќерка, Ганаго ќе го пропушти натпреварот против Јувентус.
„Со длабока тага дознавме за смртта на ќерката на нашиот напаѓач Игнатуис Ганаго. Многу мислиме на тебе Гана, клубот е со вас во ова тешко искушение“, стои во соопштението.
Ганаго веднаш отпатувал во Камерун штом дознал дека ќерката е болна, но девојчето набрзо починало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА