Динамо Загреб успеа да слави со 1-0 во шестнаестфиналниот реванш дуел против Севилја, но голот од белата точка на Мислав Оршиќ не беше доволен за пласман во следната фаза откако „модрите“ не успеаја да ја надоместат негативата од првиот меч одигран во Шпанија.
По натпреварот ни следат и немили вести откако е потврдено дека навивач на Динамо починал на самиот меч. Имено, станува збор за маж чиј идентитет не е познат, а доживеал срцев удар. За жал трагедијата не ја спречи ниту брзата интервенција на медицинските лица.
Вестта ја потврди и тренерот на Динамо, Жељко Копиќ кој изрази сочувство до семејството на навивачот.
„Најискрено сочувство до семејството на починатиот навивач“, рече Копиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА