Трагедија: На само 27 години почина поранешен фудбалер на Њукасл

Вистинска трагедија низ последните денови од 2024 година во англискиот фудбал. На само 27 години ненадејно почина поранешниот фудбалер на Њукасл, Мајкл Њубери.

Вест која ги шокираше сите на Островот, посебно затоа што, како што информираат англиските медиуми, воопшто не беше познато дека Њубери имал некакви здравствени проблеми претходно.

Њубери на 11 години пристигнал во академијата на Њукасл, каде останува се до својата 23-та година. Потоа играл во Викингур во Исланд, па во Линфилд во Северна Ирска, како и за тимот на Клинтонвил.

Се вчитува...