ТРАГЕДИЈА: Најмалку шест лица загинаа во стампедо на Африканскиот куп на нации (ВИДЕО)

Најмалку шест лица вечерва загинаа во стампедо пред стадионот на кој се играше натпреварот од осминафиналето во Купот на африканските нации меѓу домаќинот Камерун и дебитантот во ова натпреварување Комори.

Камерунците славеа со 2-1, но вистински хаос се случил по завршувањето на мечот. Најмалку шест лица настрадале, а некаде околу 40 се повредени во стампедо воочи натпреварот. Властите стравуваат дека може само да се зголеми бројката на загинати по стампедото кое се случило пред стадионот „Олембе“ кој се наоѓа во главниот град на Камерун, Јаунде.

„Некои од повредените се во очајна ситуација. Мораме да ги евакуираме во специјализирана болница“, изјави Олинга Пруденс, медицинска сестра. 

 

Се вчитува...