Трагедија: Навивач на Глазгов Ренџерс загина во Истанбул

Навивач на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, загина во Истанбул неколку часа пред осминафиналниот меч во Лигата на Европа против Фенербахче, соопшти тимот од Глазгов. Мажот, чиј идентитет не се открива, во текот на ноќта бил жртва на сообраќајна незреќа.

„Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите во овој тежок момент. Остануваме во постојан контакт со турските и британските власти кои го истражуваат инцидентот“, стои во соопштението на тимот од Глазгов.

Шкотскиот тим вечерва во 18:45 гостува на „Шукру Сарачоглу“ стадионот во Истанбул, во првиот осминафинален меч од Лигата на Европа.

Се вчитува...