Трагедија: Осумкратен светски првак во џиуџицу застрелан пред дискотека во Бразил

Еден од најдобрите џиуџицу борци на сите времињ, Леандро Ло, трагично го загуби животот откако беше засрелан во главата од човек со кого влегол во конфликт на забава во дискотека во Сао Пауло. Леандро Ло беше осумкратен светки првак во три различни категории во џиуџицу и важеше за една од омилените личности во овој спорт.

„Идолот на нашиот спорт, Леандро Ло, прерано не напушти. Сочувство до семејството и до сите оние луѓе врз кои Леандро влијаеше со својата позитивна енергија, кои поради него облекоа кимоно ширум светот“, објави Бразилската конфедерација на џиуџицу.

Според бразилските власти, убиецот е веќе уапсен. Станува збор за лице со дебело полициско досие, кое влегло во конфликт со Леандро Ло во дискотеката, за кога двајцата го напуштиле локалот, го застрелал шампионот од непосредна близина во главата.

Се вчитува...