ТРАГЕДИЈА: Почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет утрово е завиен во црно по потресната вест дека почина Александар Јовиќ, долгогодишен македонски репрезентативец со успешна играчка, а потоа и тренерска кариера.

Јовиќ во последната година се наоѓаше на чело на Тинекс Пролет,  тим со кој ги почна и подготовките за вториот дел од сезоната пред неколку дена. Целокупната ракометна јавност е во шок по големата трагедија и ненадејната смрт на ова големо ракометно име во нашата земја.

Александар Јовиќ е роден на 24 септември 1973 година во Бјелина, БиХ, но најголемите успеси во кариерата ги направи во Македонија, носејќи го дресот на Вардар, Металург, Пелистер…

Неговото име ќе остане засекогаш запишано и во историјата на Е. Пелистер, откако токму Јовиќ пред две сезони му ја донесе толку посакуваната титула на битолскиот клуб, откако претходно успешно работеше и во втората екипа на „пелистерци“.

Се вчитува...