Трагедија: Почина Дашмир Беари, селектор на фудбалската репрезентација до 17 години

Страшна вест пристигнува денеска од Тетово, откако селекторот на фудбалската репрезентација до 17 години Дашмир Беари почина на 50-годишна возраст.

Беари, кој покрај селекторската функција беше и наставник во основното училиште во тетовското село Порој, починал денеска, а информацијата преку социјалните мрежи ја потврдил и неговиот син.

Дашмир Беари претходно имаше тренерски ангажмани и во Ренова, Гостивар, Дрита и во Влазерими, а извесен период мина и како помошен тренер во Саудиска Арабија, во тимот Ал Раед.


Се вчитува...