Фудбалскиот репрезентативец на Тринидад и Тобаго Шадон Винчестер загина во сообраќајна несреќа. 28-годишникот страдаше во сообраќајна несреќа во која покрај него животот го загубија уште три лица меѓу кои била и девојката на Винчестер.
Според информациите од полицијата автомобилот на фудбалерот се удрил во столб покрај патот по кој се запалил и експлодирал. Винчестер забележа 23 настапи за А-тимот на Тринидад и Тобаго, а за националниот тим дебитираше во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА