Пет дена откако колабираше на сред меч во Копа Либертадорес, уругвајскиот фудбалер Хуан Изгиердо почина во болница на само 27 години. Беше дел од уругвајскиот Национал, а се сруши на мечот против Сао Паоло во Копа Либертадорес.
Уругвајскиот клуб се прости од него на социјалните мрежи.
„Со најдлабока болка во срцето, шокирани сме од смртта на саканиот играч Хуан Изкиердо. Нашето сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и најблиските. Национал жали за непоправлива загуба. Хуан, засекогаш ќе бидеш со нас – напишаа на официјалниот профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

