Трагедија – Почина фудбалски тренер додека се радуваше на постигнат гол на својот клуб

Трагична вест ни доаѓа од Египет. Тренерот на Ал Магд, Адам Ел Селедар почина откако доживеа инфаркт во тек на натпревар. Тој доживеа инфаркт славејќи го голот на неговиот тим против Ал Зарка во втората лига на Египет.

Иако брзо стигнала „Брзата помош“ сепак не успеале да го спасат тренерот. Ел-Селедар претходно беше привремен менаџер на најдобриот египетски тим Исмаилија два пати. Во текот на сезоната 2019/2020 клуб во кој се прослави и како фудбалер.

 

 

Се вчитува...