Страшни сцени доаѓаат од Венецуела каде на само 23-годишна возраст почина кошаркарскиот репрезентативец на оваа земја Гарли Сохо.
Причината за смртта се уште се истражува, но се знае дека му се слошило поради здравствени проблеми.
Тој во моментов настапуваше за тимот на Анзоатеги во венецуелското првенство, а во кариерата го носеше и дресот на: Кокодрилос од Каракас, Капитанес од Мексико, Кимса, Бронкос Каракас, и за Дефенсор Спортинг.
Сохо блесна на Светското првенство кое се одржа годинава, а најдобрата партија ја имаше против Лука Дончиќ и Словенија каде во поразот од 100-85 постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

