ТРАГЕДИЈА: Почина Синиша Михајловиќ

Страшна вест доаѓа од Италија, откако весникот „Газета дело спорт“ прв објави дека Синиша Михајловиќ почина денеска, губејќи ја најважната битка со тешката болест.

Иако двапати успеваше да се избори со болеста, состојбата на поранешниот српски фудбалер и селектор сериозно се влоши во последните денови, па денеска, за жал, најцрните сценарија се остварија.

Синиша Михајловиќ денеска почина во клиника во Италија на 53-годишна возраст.

Негов последен ангажман беше како тренер на Болоња, од каде беше отпуштен пред неколку месеци.

Се вчитува...