Синот на легендарниот германски фудбалер Михаел Балак, Емилио Балак, починал утрово во близина на семејната куќа во Португалија.
Информациите кои пристигнуваат од Португалија говорат дека станува збор за сообраќајна нереќа во која 18-годишниот Емилио бил единствена жртва. На местото на несреќата веднаш пристигнале возила на брза помош и противпожарни возила, но германскиот тинејџер не можел да биде спасен.
„Фудбалскиот клуб Челси и сите наши членови се шокирани од веста а смртта на Емилио Балак на 18-годишна возраст. Нашите мисли се со неговиот татко Михаел Балак во овие тешки времиња“, објави Челси, еден од клубовите во кои прославениот Германец настапуваше во текот на својата фантастична кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА