Поранешниот швајцарски биатлонец Сајмон Халенбартер, изврши самоубиство во четвртокот на 43 годишна возраст. Ова го пренесуваат различни медиуми од Швајцарија. Халенбартер страдаше од сериозни психички проблеми.
Халенбартер бил три пати учесник на Олимписки игри. Ја започна кариерата како крос-кантри скијач, а подоцна се префрли на биатлон. Покрај на три Олимпијади, настапуваше и на осум светски првенства.
Својата најдобра сезона ја имаше во 2008/2009 кога заврши деветти во спринт на СП во Пјончанг. Во 2014 година ја заврши кариерата.
Wintersport: Ex-Biathlet Simon Hallenbarter stirbt mit 43 Jahren https://t.co/JaxWCDcFMq
— Christine Paulus (@christinepaulus) October 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА