Боби Пауер беше во форма со која ретко кој може да се пофали. Семејството и пријателите знаеја дека ништо не може да го спречи да оди во фитнес три пати неделно, а во деновите кога не крева тегови, одеше на планинарење.
Поранешниот фудбалер на англискиот клуб Манчестер Јунајтед беше роден спортист и кога замина во „фудбалска пензија“, продолжи да тренира редовно. На тој начин Боби стана мотивациски фитнес гуру, тој исто така уживаше да вежба на отворено, да биде во природа и да оди на патувања. Не можеше ни да замисли дека болеста ќе го однесе со незамислива брзина. Знаеше дека нешто не е во ред еден ден кога се вратил од планинарење.
Набрзо почнал да го губи апетитот, а кога се појавило пожолтување на кожата, дијагнозата брзо била утврдена. Му се топеа мускулите. Сепак, дури ни мајката на Боби не можела да поверува дека болеста ќе биде толку брза. Кога нејзиниот син и кажал дека му бил дијагностициран рак на панкреасот, таа му рекла: „Нема шанси… ќе живееш 110 години“. За жал, мајката погреши. Решил да се бори, ги издржал сите зафати што му ги предложија лекарите, но и тоа не беше доволно.
„Како да почнам?… Ќе се обидам да ви кажам што е можно пократко. Пред седум недели си легнав навечер, нормално… и наутро се разбудив малку грогирано… не бев гладен, а кога пробав да јадам, ми се гадеше… ова траеше три дена… кожата и очите ми пожолтеа… Петтиот ден решив да одам во болница… два пати се онесвестив додека чекав… ме стабилизираа и заспав исцрпен… вториот ден направија магнетна резонанца… на третиот ден дојде доктор и ми кажа дека имам рак на панкреасот… до тој момент веќе изгубив 14 килограми“, напиша Боби на Инстаграм.
Решил да се бори, ги издржал сите зафати што му ги предложиле лекарите. „Тој сакаше да живее за своите три ќерки од првиот брак“, велеше неговата мајка. Се бореше до крај да најде лек за себе. Лорен (20), Кејтлин (19) и Хајди (12) беа со татко им на свадбената церемонија кога тој се ожени со својата сакана од средно училиште, Џема Пауер-Блис. Само неколку недели подоцна, Боби почина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА