Страшна вест пристигнува од САД, откако поранешниот возач во Наскар, Грег Бифл загина во авионска несреќа во која животот го загубија и сите членови на неговото најблиско семејство.
Американските медиуми синоќа информираа за пад на мал авион во Северна Каролина, а шокот следеше неколку часа подоцна, откако беше утврдено дека тој е сопственост на 55-годишниот Бифл.
Во несреќата животот го загубија и неговата сопруга Кристина, ќерката Ема и синот Рајдер, како и уште три лица кои биле дел од кобниот лет заедно со семејството Бифл.
Грег Бифл цели 18 години беше дел од Наскар шампионатот и неодамна беше избран меѓу најдобрите 75 возачи во историјата на овој спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

