Телевизиската водителка и „најбрза жена на четири тркала во светот“, Американката Џеси Комбс загина во пустината Алворд во американската сојузна држава Орегон во обид да го собори сопствениот рекорд.
36-годишната Комбс во октомври 2013 година стана најбрзата жена на четири тркала постигнувајќи брзина од 631 км/час возејќи автомобил на млазен погон. Тоа е возило кое е составено од остатоци од млазен авион Ф-104 Стартфајтер.
Деталите од несреќата не се познати, но според пишувањата на американските медиуми, Комбс настрадала при огромна брзина во обид да го собори сопствениот рекорд од брзина од 631 км/час.
„Нејзиниот сон беше да биде најбрза жена на планетата. Беше еден од оние ретки сонувачи со храброст соништата да ги претвори во јаве. Не напушти сите нас во моменти додека се возеше побрзо од било која друга жена во историјата“ – соопштија од нејзиното семејство.
Џеси Комбс имаше и неколку свои телевизиски емисии кои ја обработуваа токму брзината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА