Трагедија: Руски фудбалер почина од студ

Младиот руски фудбалер Алексеј Ломакин го загуби животот откако премрзнал на улица во Москва под засега мистериозни околности. Станува збор за 18-годишен играч на Локомотив Москва, кој се водеше за исчезнат од 30 ноември, за денеска полицијата да објави дека истрагата завршила со пронаоѓање на мртвото тело на тинејџерот.

Алексеј Ломакин, фудбалер на нашиот младински тим, почина во Москва. Деталите за трагедијата се истражуваат. Шокирани сме од оваа трагедија и изразуваме сочувство на семејството на Ломакин“ – се вели во клупското соопштение.

Полициската истрага почна откако мајката на Алексеј го пријави својот син за исчезнат, откако последен пат заминал од дома на лекарски прегледи во клупскиот тренинг центар. Првичната истрага дојде до сознанија дека Ломакин потоа во друштво на свој другар заминал во дискотека во Москва каде испил големо количество на алкохол, но по заминувањето од локалот на Алексеј му се губи секаква трага.

Се вчитува...