Трагедија во американскиот колеџ фудбал: Играч на Јута убиен на куќна забава

Трагедија го потресе американскиот колеџ фудбал, откако беше објавено дека играчот на Универзитетот Јута, Арон Лоу убиен е вчера на куќна забава во Солт Лејк Сити. Ова го потврди и полицијата, која посочи дека уште еден човек е тешко повреден и дека моментално се трага по напаѓачите.

Лоу беше добитник на меморијалната стипендија која се доделува од оваа година во чест на трагично загинатиот играч во американски фудбал Тај Џордан, кој почина во декември лани како колатерална жртва во улична престрелка на две банди.

Инаку двете жртви заедно биле соиграчи и во Мескит, во државата Тексас, а сега во рок од девет месеци двајцата го загубија животот од огнено оружје. Полицијата испитува кој е мотивот за нападот.

 

 

 

Се вчитува...