Трагична вест доаѓа од БИХ. Екс фудбалерот Марио Божиќ, ја загуби битката со тешката болест на 40-годишна возраст. Божиќ играше на позицијата играч за врска, а беше соиграч со Стефан Спировски во Борац Чачак во 2012 година.
Божиќ својата кариера ја мина во Лозница, Милиционар, Видеотон, Ујпешт, Слован Братислава, Ашдод, Борац Чачак, Шенхуа, Симург, Панахаики и Вождовац.
Божиќ во 2007 година забележа и два настапи за репрезентацијата на БИХ, против Унгарија во квалификациите за пласман на ЕП 2008 и против Бугарија на пријателски натпревар. По пензионирањето кратко ја извршуваше функцијата спортски директор на Лозница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА