Трагедија во БиХ: Тренер и капитен на фудбалски клуб загинале во сообраќајна несреќа

Еден фудбалер и еден од тренерите на фудбалскиот клуб Слога од Босна и Херцеговина загинаа во тешка сообраќајна несреќа ноќта меѓу саботата кон неделата, а повредени се уште тројца фудбалери, потврдија од клубот.

На официјалната Фејсбук страница на „Слога“ објавија дека капитенот на клубот Неџад Мујагиќ и помошниот тренер Аднан Фајиќ загинале во сообраќајна несреќа што се случила во Босанска Отока. Констатирано е дека уште тројца фудбалери кои учествувале во несреќата се надвор од животна опасност.

Според достапните информации, сите петмина биле во автомобил кој излетал од коловозот во надојдената река Уна. Мујагиќ и Фајиќ се удавиле, а тројца нивни сопатници успеале да испливаат од автомобилот и да се спасат.

Слога е клуб кој оваа сезона се натпреварува во втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина и моментално ја зазема петтата позиција меѓу 16. екипи кои учествуваат во тоа натпреварување. Слога е познат како еден од најстарите фудбалски клубови во БиХ бидејќи е основан во 1922 година.

Се вчитува...