Трагедија во Бразил: Десет мртви лица во пожарот во тренинг-центарот на Фламенго

Нова фудбалска трагедија се случи рано утринава во Бразил, откако најмалку десет лица починаа во големиот пожар што го зафати тренинг-центарот на Фламенго.

Повикот до противпожарните служби бил упатен во 5.17 часот наутро, два часа подоцна ситуацијата била ставена под контрола, недоволно брзо за да се избегнат жртви и значителна материјална штета.

„Засега нема конкретни информации за жртвите, но според сознанијата на едно локално радио, во моментот на пожарот присутни во тренинг-центарот биле момчиња од 14 до 17 годишна возраст“ – јавуваат бразилските медиуми.

Се вчитува...