Трагедија во Бразил: Фудбалер на Сао Пауло пронајден убиен и кастриран

Бразилската јавност е во шок откако денеска беше пронајдено телото на 24-годишнито фудбалер на Сао Пауло, Даниел Кореја Фреитас. Телото е најдено во грмушки крај пат во државата Парана, измасакрирано, а медиумите информираат дека Кореја пред смртта бил кастриран од својот убиец.

„Со оглед на состојбата на неговото тело, може да се каже дека станува збор за многу насилна смрт. Тој имаше два длабоки реза на вратот, речиси беше обезглавен, а пресечени му беа и гениталиите. Патот на кој е најден и претходно е користен за оставање на тела“ – изјави еден бразилски полицаец за локалниот весник „Банд Б“.

Се вчитува...