Некогашниот првак во бокс Вили Лимонд, почина на 45. годишна возраст. Според пишувањата на британските медиуми, Лимонд починал возејќи автомобил. Според првите инфромации, доживеал мозочен удар во текот на возењето.
Сетоа тоа се случувало на пат кон Глазгов, каде требало да одржи тренинг. Требаше да се бори на 3. мај, но оваа смрт сите ги шокираше.
Шкотланѓанецот доби 42 од свои 48 професионални борби од 1999 до 2023 година, вклучувајќи 13 со нокаут. Во кариерата бил првак на Велика Британија, а имаше и неколку европски пехари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА