Трагедија во Франција: Почина судијата кој му судеше во неделата на ПСЖ

Француската спортска јавност е шокирана со веста за смртта на познатиот фудбалски судија Јохан Хамел, кој имал мозочен удар за време на тренинг и набрзо потоа и починал.

42-годишникот не бил меѓу судиите одбрани да ја делат правдата на Мундијалот во Катар, поради што сакал паузата да ја искористи да ја подобри физичката подготвеност. Синоќа, како и многу пати претходно, само се срушил за време на тренинг, по што е утврдено дека имал тежок мозочен удар по кој едноставно лекарите не можеле да го спасат.

Хамел минатиот викенд беше дел од ВАР собата на мечот меѓу ПСЖ и Оксер (5-0).

Се вчитува...