Трагедија во Хрватска: Во сообраќајна несреќа почина Никола Покривач, повредени уште двајца фудбалери

Шок владее вечерва во Хрватска откако во тешка сообраќајна несреќа во близина на Карловац животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на оваа земја, Никола Покривач.

Првите информации од Хрватска говорат дека станувало збор за верижен судир на четири автомобили, при што две лица починале, а уште три се сериозно повредени. Според неофицијалните информции, тројцата повредени исто така се фудбалери, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба, но нивниот идентитет засега не се објавува во јавноста.

 Никола Покривач е поранешен фудбалер на Динамо Загреб, кој во 2008 година беше повикан од Славен Билиќ да настапи за Хрватска на ЕП. Кариерата ја почна во Вартекс, а по Динамо ги бранеше и боите на Монако, Салцбург и Ријека.

„Со голема тага ја примивме веста за тешката сообраќајна несреќа во Карловац во која за жал животот го загуби нашиот поранешен играч Никола Покривач. Тој ќе остане засекогаш запаметен како дел од семејството на Динамо, како талентиран играч за врска, борец на теренот и човек со големи срце“, објави Динамо Загреб.

Се вчитува...