Ирскиот фудбал е завиен во црно, откако синоќа среде натпревар почина младиот 16-годишен фудбалер, Изи Дезу. Тој колабирал за време на натпреварот, а не успеале ниту обидите на докторите да го реанимираат. Во болница само била констатирана смртта.
„Со жалење известуваме за трагичниот настан, смртта на младиот фудбалер Изи Дезу (16). Тој беше еден од најперспективните фудбалери во државата на негова возраст. Фудбалската федерација сочувствува со семејството на Изи Дезу, а на следниот натпревар на стадионот „Авива“ ќе му биде оддадена почит“, истакнаа челниците на ирскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА