Трагедија во кошаркарскиот свет: На 33 години почина украински кошаркар, играше на ЕП 2017

Кошаркаскиот свет е во тага по смртта на поранешниот репрезентативец на Украина, Руслан Отверченко. Кошаркарот кој играше на Европското првенство во 2017 година, почина во 34-та година од животот, како последица од срцев удар.

Во текот на професионалната кариера, Отверченко настапуваше во Киев, Доњецк, Будивелник, Чекарски Мавпи и Прометеј. Играше кратко и во Шпанија.

Веста за смртта ја соопшти неговата поранешна сопруга.

Се вчитува...