Трагедија во ММА: Борец почина неколку недели по добиениот нокаут (ВИДЕО)

ММА борецот Џастин Торнтон почина на 38-годишна возраст како последица од нокаутот што го претрпе од Дилон Клекер на 20 август, во борба како дел од промоцијата на БКФЦ. Борбата траеше само 19 секунди, а Торнтон падна на подот со лицето на земја и веднаш беше пренесен во болница.

Според извештаите на медиумите, тој бил делумно парализиран по тепачката, по што морал да остане во болница неколку недели, а се борел и со инфекција настаната како резултат на повреда на ‘рбетот.

„Тажни сме по добиената трагична вест. Се придружуваме на остатокот од светот на боречките вештини, испраќаме најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските“, рече претседателот на БКФЦ, Дејв Фелдман.

 

 

 

Се вчитува...