Трагедија во Портланд: На 33 години загина поранешен кошаркар на Партизан

Поранешниот кошаркар на Партизан Дру Гордон, постар брат на кошаркарот на Денвер, Ерон Гордон, загина во сообраќајна несреќа синоќа во Портланд, во 33-та година од животот.

Гордон го носеше дресот на Партизан во сезоната 2012/13, а играше и за неколку клубови во Европа, пред се во Русија, Полска и Литванија. Извесен период го носеше и дресот на Филаделфија во НБА лигата.

Минатата година се одлучи да ја заврши кошаркарската кариера.

Се вчитува...