Убиството на еден од водачите на навивачка група на Бенфика, ја засени победата на тимот во Купот на Португалија. Синоќа, Бенфика го победи Атлетико Лис со 2-0 на гости. Додека медиумите дискутираа за незадоволство на тренерот Жозе Мурињо, трагедија се случила недалеку од стадионот.
Водачот на групата, Серхио Каетано беше пронајден мртов во автомобил во близина на стадионот „Естадио да Луз“ во Лисабон со прострелна рана во главата. Португалскиот весник „Корејо де Мања“ објави дека покрај телото е пронајдено оружје и дека полицијата добила пријава од случаен минувач.
Истиот избор пишува дека и семејството го пријавило Каетано како исчезнат ден претходно. Според овие информации, во петок наутро тој излегол од дома за да го однесе синот на училиште, а потоа исчезнал без трага. Медиумите, исто така, јавуваат дека уште еден член на истата навивачка група исчезнал пред два дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

