Рускиот фудбалер Александар Козлов, почина денеска на 29-годишна возраст како последица на срцев удар. Како што се наведува, на Козлов му се откачил тромб, по што предизвикал и срцев удар.
Инцидентот се случил за време на тренинг на аматерски тим за кој играл Козлов, а после масажата дошло до трагедијата.
„Се обидовме да го реанимираме, и се чинеше дека успеа. Стигна возилото на итна помош, но Козлов не можеше да се спаси“, напиша новинарот Иван Карпов.
Веста за неговата смрт ги потресе и од Спартак Москва. Тој беше дел од Спартак од 2010 до 2015 година, каде што одигра 28 натпревари. Козлов играше и за Химки, вториот тим на Спартак, Тосно, Факел, Окжтепес, Дјумен, Химки, Арарат Ереван и Каса Феодосија. Играше и за младите селекции на Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

